Криминалците понекогаш имаат навистина луди идеи. Еден таков случај е кога маж во Питсбург се обидел во супермаркет да размени банкнота од милион долари.
Човекот на касиерката и дал банкнота од милион долари, а откако таа одбила да ја прими и да му ја размени, тој во напад на бес почнал да удира по касата со електронскиот читач на картички.
банкнотата од 1 милион $ што е многу многу е
Полицијата потоа го уапсила човекот кој кај себе немал никакви документи за идентификација и одбил на полицајците да им ги каже своите лични податоци. Моментално „милионерот“ се наоѓа во окружниот затвор.
Од 1969 година, банкнотата од 100 долари е најголема банкнота која е во оптек.
Ј.М.