Дваесетгодишен канаѓанец одлучил да ја искористи социјалната мрежа Твитер и да побара човек кој би му донел марихуана до неговата канцеларија.


На неговото барање се огласила канадската полиција па на неговиот твит вратиле “Одлично, дали може да се придружиме и ние?”.

Откако го добил одговорот од полицијата вратил дека тоа што го напишал било само шега, но очигледно во очите на неговиот шеф не изгледало така па бил отпуштен од работа по завршувањето на неговата смена.