Тим бугарски археолози на брегот на Црното Море, пронашле сад полн со монети од третиот век пред новата ера. Екипата, која ја предводела професорката Даниела Агре, за време на археолошките ископувања, монетите ги пронашла во керамички сад.
Агре за бугарските медиуми изјавила дека моментално чистат околу садот, а кога ќе ги извадат ќе знаат колку точно има монети. Рекла дека тоа е вистинско богатство составено од сребрени монети. Агре додала дека садот бил пронајден покрај тврдина во која живеел тракискиот водач Кортоџунтос, за која археолозите знаат од 2006 година.