Поради ниските температури постои можност за појава на мрзнење на водомерните броила со што би дошло до несакани последици, односно пукање на водомерите и нивно оштетување, затоа е потребно истите да се заштитат, советуваат од јавното претпријатие.

– Посебно ги известуваме сите наши корисници кои се сопственици на викенд куќи,  а не живеат постојано во нив да превземат соодветни мерки за заштита на водомерните броила, односно да ја испуштат водата од главниот шибер за да не замрзне водата со што би се спречило пукање на цевките и слични дефекти, велат од Проаква.

Од претпријатието укажуваат дека водомерите можат да се заштитат од мрзнење со обвивање на водомерот со изолационен материјал(тервол, стиропор), како и покривање на шахтата со изолационен покрив.

OhridNews