Поради долг од еден милион евра ЕВН во четврток ќе ја исклучи струјата на МЈП „Проаква“. Според најавите ЕВН ќе ја исклучи „Проаква“ од електро мрежата половина час во знак на предупредување за неплатениот долг.

„Проаква“ со вода ги снабдува Охрид и Струга и се грижи за колекторот, и евентуалното подолго исклучување на јавното претпријатие од електро мрежата ќе предизвика сериозни последици.

Надлежните во јавното претпријатие и локалната самоуправа сметаат дека „Проаква“ не треба да биде исклучена од електро системот. Оттаму информираат дека голем дел од долгот отпаѓа на потрошена електрична енергија за колекторот кој е под државна капа. Општината Охрид веќе подолго време е во преговори со ЕВН околу сопственоста на трафостаниците и друга инфраструктура кои ги изградила локалната самоуправа. Општината предлага долгот на јавните претпријатија да биде искомпензиран со отстапување на спорните трафостаници за кои пак ЕВН тврди дека ги добила со приватизацијата на „Електростопанство“.

ohridnews