„Досега граѓаните не почувствувале што значи недостиг на вода подолг период заради технички пречки или со воведување рестрикции. Истото се однесува и во летниот период и за стариот дел од градот, каде има редовно водоснабдување и покрај зголемената фреквенција на луѓе и кога со издавањето на соби и апартмани се зголемува потрошувачката на вода.
Исто така се јавува преоптовареност на водоводната мрежа поради нерационално и ненаменско користење на водата преку неодговорно залевање на тревниците и градините.
Што се однесува до реакцијата упатена од граѓанин кон работата на службите на Проаква информираме дека екипите на Р.Е.Водовод-Охрид професионално и во најбрз можен рок ги извршуваат своите секојдневни задачи за нормално и редовно водоснабдување, а за потребите на граѓаните на располагање стои 24 часа дежурна екипа која е подготвена да одговори на секој настанат дефект брзо и ефикасно. Доколку заради интервенција на водоводната мрежа потребно е прекин на водата граѓаните навремено се известуваат преку средставата за јавно информирање“, се вели во соопшетнието за секторот за односи со јавност при МЈП „Проаква“.