МЈП Проаква има милионски долг кон ЕВН. Од јавното претпријатие велат дека долгот кон ЕВН редовно се сервисира и дека до денес се исплатени 53 милиони денари или околу 60%. Оттаму информираат дека остатокот од долгот ќе биде исплатен со компензација за трафостаниците во сопственост на општината кои сега и се нудат на ЕВН.
„Со завршната проценка на трафосстаниците сметаме дека комплетно ќе го подмириме долгот кон ЕВН“, ни изјави Бранко Трпчески, директор на МЈП Проаква.
Според него долговите на Проаква нема да претставуваат пречка да биде завршен процесот на раздружување на јавното претпријатие кој е во тек. Спротивно на ова Министерството за финансии предупредуваат дека поделбата на МЈП е незаконска и дека истата не може да се реализира без согласност на државата, со што Трпчески не се согласува. „Тоа е контрадикторен став, бидејќи согласно Законот за локална самоуправа правото на советите на општините нОхрид и Струга не може никој да им го ускрати правото да извршат статутарни измени во МЈП Проаква, и овој став ние го презентиравме на судското рочиште бидејќи сметаме дека постапката за радружување е законска и позивно ќе се одрази на работата на јавното претпријатие“, рече Трпчески.
Од Проаква информираат дека јавното пртетпријатие веќе функционира со засебни работни единици и дека поделбата нема негативно да се одрази на квалитетот на услугите. Како што е предвидено со одлука на советоте на општините Охрид и Струга во иднина МЈП Проаква ќе се подели на три јавни претпријатија, Водовод Охрид, Водовод Струга и ЈП Колектор со кое ќе стопанисува државата.
Г. Момироски