МЈП „Проаква“ ги предупреди корисниците на услуги кои подолг период го немаат платено надоместокот за потрошена вода, канализација и колектор, дека ќе започне акција за исклучување на сите корисници кои ненавремено го регулираат својот долг кон јавното претпријатие.
Од “Проаква“ велат дека трошоците за повторно приклучување на корисниците кон водоводната мрежа ќе паднат на товар на неплаќачите.
МЈП “Проаква“ соопшти дека покрај постојната линија, воведен е нов телефонски број
046/230-020
на кој граѓаните можат да се обратат за сите потребни информации.