И покрај препораките од владата  да се стопира иницијативата за поделба на МЈП Проаква,  локалните самоуправи на Охрид и Струга,  донесоа конечна одлука и пристапија кон поделбата на задничкото јавно претпријатие.

На последната седница на Управниот одбор со 4 гласа против  била изгласана програмата за поделба на  фирмата. Со тоа останува да се реализра  и да се стави во функција делбениот биланс, што и како од она што до скоро беше заедничко ќе припадне на новоформираните јавни претпријатија.

Конечната разврска и дефинитоивната поделба треба да завршИ до крајот на месец јуни, по што ке почнат да функционираат три нови јавни претпријатија и тоа водовод и канализација Охрид, водовод и каналзиција Струга, додека во иднина МЈП Проаква ќе се грижи за управување само на колекторскиот систем кој е во функција на заштита на Охридското Езеро.

Одлуката на УО останува да биде потврдена и од советите на двете општини.

М. Трајковски