МЈП Проаква е подготвена целосно и квалитетно да ги задоволи потребите за вода на граѓаните на Охрид и гостите во претстојната туристичка сезона, изјави за Ohridnews, директорот на јавното претпријатие, Бранко Трпчески.

„Главниот и помошните водоводи, како и бунарите се подготвени, а се врши и тековно санирање на водоводната мрежа, такашто не очекуваме да има никакви проблеми во водоснабдувањето на Охрид во летниот период“, вели Трпчески. Тој не информираше дека во тек се и неколку инвестициони зафати и дека јавното претприијатие е спремно навремено да ги санира евентуалните дефекти на водоводната мрежа во текот на летото.


Вода во Охрид има доволно велат од МЈП „Проаква“

Во изминатите неколку туристички сезони имавме максимално производство и потрошувачка на вода  вели Трпчески. Тој истакна дека издашноста на изворите е добра и дека охридскиот водовод има вишоци на вода. „И доколку издашноста на изворите летово се намали имаме резервни варијанти квалитетно да ги задоволиме потребите за вода на граѓаните“, вели Трпчески. Во нормален период охридскиот водовод произведува 200-250 литри вода додека во летниот период производството и потрошувачката на вода од градскиот водовод двојно се зголемуваат информират од МЈП Проаква.

Г. Момироски