– Во сметките за вода ќе ја нема ставката за канализација и истата ќе биде фактурирана во сметките од ЈП „Нискоградба“-Охрид. Со оваа одлука корисниците на услугите (граѓаните) не сносат никаков дополнителен трошок туку наместо едната досегашна сметка од МЈП „Проаква“-Охрид Р.Е.Водовод-Охрид , во иднина ќе добиваат уште една и од ЈП „Нискоградба“ – Охрид во која ќе бидат фактурирани само трошоците за канализација. Во сметката од ЈП „Нискоградба“ – Охрид трошоците за канализација се претставени во две ставки и тоа: Одведување на отпадни води и Одведување на атмосферски води. – објацнуваат од МЈП „Проаква“.
Од „Нискоградба“ информираат дека се подготвени во целост да ги извршуват услугите за кое е формирано јавното претпријатие, како и да врши наплата на сметките.
Јавното претпријатие за изградба, одржување, реконструкција на локални патишта и хидротехнички објекти „Нискоградба“ Охрид со работа започна недомна. Одлуката за негово формирање ја донесе Советот на општина Охрид со образложение дека на тој начин ќе се зголеми ефикасноста при изградба и одржување на инфраструктурата, за што до сега беа задолжени работни единици во состав на МЈП „Проаква“.