МЈП “Проаква“ планира да развие проект за искористување на енергијата од изворите во охридско и струшко.

Водите на Галичица, во Рамне , Јабланица и во Горна Белица,  се огромен извор на енергија која засега не е искористена, вели Љубомир Чаулев, техничлки директор на Проаква. “Годишниот квантум на изворска вода ако ја симнеме од од високите коти ние имаме во најава акумулирана кинетичка енергија која треба да ја искористите. Проаква е меѓуопштинско јавно претпријатие за снабдување на населението со вода, прифаќање на атмосферските и други води и за наводнување, но кај нас се крие и енергетски потенцијал“, вели Чаулев


енергијата од изворите треба да се искористи-Чаулев

Ваквата идеја  неодамна ја подржа и Советото на општина Охрид , со што, како што истакна Чаулев, на раководството на Проаква му се овозможува да изнајде коинвеститори за реализација на проектот за изградба на четири мали хидроелектрани.

Со тоа, смета Чаулев, Проаква ќе ги задоволи сопствените потребни за електрична  енергија која сега мора да ја плаќа.

Г.Момироски