Обвинувањата на ВМРО ДПМНЕ дека во МЈП „Проаква“ впред изборите ќе се се вработат 180 партиски членови на СДСМ се неточни, изјави денеска директорот на јавното претпријатие Бранко Трпчески. Портпаролот на ВМРО ДПМНЕ, Александар Бичиклиски, на прес конференција вчера во Скопје го обвини Трпчески како координатот на изборниот штаб на СДСМ за 5-та ИЕ врши партиски вработувања.
 
„ Ова е обид на ВМРО ДПМНЕ да ја дефокусираа јавноста“, коментира Трпчески. Според него се работи за лица со договор на дело кои се примени на работа во периодот кога на власт во Охрид беше ВМРО ДПМНЕ.


Обвинувањата се неточни – Трпчески

Трпчески смета дека централната власт прави кампања затоа што, како што рече, „Проаква“ само ги легализира вработувањата на лица кои по, 6 па и 7 години наназад работат во јавното претпријатие без решен статус.

Конкурсот за прием на 180-те работници е распишан пред 4 месеци кога немнавме сознанија дека ќе има предвремени избори, рече Трпчески. „Доколку ВМРО ДПМНЕ навистина е загрижена за „Проаква“, од позиција на власт ќе реагираше на сите наши дописи околу реализацијата на проектот за водоснабдување на Охрид и Струга кој е промашена инвестиција од 9 милиони евра“, рече Трпчески. Наместо тоа, централната власт сега се обидува да ја дефокусира јавноста со конкурсот за вработување на лица кои ВМРО ДПМНЕ ги има примено на работа без да им го реши статусот, рече Трпчески.

Г. Момироски