МЈП „Проаква“ нема да се дели, писмено се обврзале градоначалниците на Охрид и Струга, Александар Петрески и Рамиз Мерко, по што швајцарската влада ја одмрзна донацијата за изградба на 6 пумнпни станици за колекторот, вредна 900.000 швајцарски франци.
Ова денеска било соопштено на седницата на Надзорниот одбор за реализација на проектот за „Рехабилитација на пумпните станици Охрид исток“. Претставникот на швајцарската влада изразил задоволство од одлуката на градоначалниците, која ја поздрави и Министерството за животна средина -МЖСППчиј претствник партиципира во Надзорниот одбор на проектот.
Средствата што ги донираше владата на Швајцарија беа замрзнати по одлуката на Советите на Општините Охрид и Струга за поделба на „Проаква“.
„Тој процес сега е одмрзнат со заложба на градоначалниците на Охрид и Струга кои писмено се обврзаа дека меѓу општинското јавно претпријатие нема да се дели и дека ќе се почитуваат обрврските од договорот за реалиација на донацијата за изградба на 6-те пумпни станици“, изјави за Ohridnews, Дејан Паноски, државен секретар во МЖСПП и член на Надзорниот одбор на проектот.
Проаква нема да се дели-Паноски
Паноски минформираше дека подготовките за реализаиција на проектот кој е од исклучително значење за пречистување на отпадните води кои се влеваат во Охридското Езеро ќе започне во февруари.
Г. Момироски