Директорот на МЈП „Проаква“ Бранислав Трпчески денес на прес конференција го обвини државниот секретар во Министерството за животна средина и просторно планирање, Дејан Пановски , дека изнесува невистини во јавноста поврзани со поделбата на претпријатието.
Трпчески рече дека поделбата на Проаква се одвива како што треба и дека редовно се сервисира долгот од 1,4 милиони евра кон ЕВН. Првиот човек на Проаква најави дека долгот всушност ќе биде компензиран со отстапување на електро опремата во сопственост на општина Охрид на ЕВН и дека претпријатието има капацитет да ја спроведе трансформацијата.
Државниот секретар Паноски појаснува дека неговите забелешки всушност претставуваат загриженост за она она што се случува во Проаква по, како што истакна, нејзината неадекватна поделба. Според него загриженоста на министерството за животна средина пред се се однесува на третирањето на пречистителните води и кадровските решенија на некои чувствителни позиции на кои се наоѓаа стручни лица. За да се избегнат сите можни проблеми се бара да се искористат правилно сите капацитети во претпријатието, појаснува Паноски.
Трпчески денеска негираше дека во Проаква се врши прераспределба на вработени од повисоки на пониски работни места и дека се девалвираат успесите на одредени личности заслужни за досегашното функциоирање и работењето на колкетрскиот систем.
Г. Момироски
М. Трајковски