МЈП “Проаква“, најверојатно ќе се подели на две општински јавни
претпријатија. Први одлука за поделба се очекува да донесат советниците
од општина Струга, според најавите веќе во петок.
Доколку тоа се случи,
како што дознаваме, и Советот на општина Охрид ќе донесе одлука за
раздружување со што и формално ќе згасне МЈП “Проаква“ која со одлука
на советите на двете општини беше формирано во 1999 г.
Експертите предупредуваат дека со поделбата на “Проаква“ општините
ризикуваат да ја загубат помошта од донаторите, посебно од Владата на
Германија која во разни проекти до сега има инвестирано околу 20
милиони евра, бидејќи еден од условите за да бидат одобрени донациите
беше формирање на заеднико јавно претпријатие.