Преговорите помеѓу  МЈП “Проаква” и ЕВН за изнаоаѓање решение за преостанатиот дел од долгот на јавното претпријатие, според најавите треба да продолжат денеска. Како што веќe информиравме неодамна општината подмири околу 300.000 евра од долгот кон ЕВН кој изнесува 1 милион евра. Според најавите за остатокот од 700.000 евра ќе се бара компромисно решение.

Општината, неколку пати го повтори ставот дека преостанатиот долг кон ЕВН треба да се реши со компензација, односно со отстапување на 15 трафостаници за кои опшината тврди дека се во нејзина сопственост на ЕВН. Од ЕВН досега на неколку пати беше отфрлена таквата можност, бидејќи како што тврдат од австртиската компанија општините не располагаат со таков имот.

ohridnews