„Заклучно со 10 април подмирени се сите обврски кон ЕВН, а во завршна фаза се компензациите на општинските  трафостаници за остатокот од долгот , така што наскоро „Проаква“ кон ЕВН ќе нема долгови“, ни изјави директорот на јавното претпријатие, Бранко Трпчески. Според него  завршени се преговорите околу сервисирање на долгот од 1 милион евра на „Проаква“, со што нема повеќе опасност од исклу;ување на „Проаква“ од електро мрежата.

Повеќе немаме притисоци, а односите помеѓу ЕВН , Проаква и локалната самоуправа се  релаксирани, вели Трпчески. Тој информираше дека за десетина дена ќе биде официјално завршена компензацијата со што целосно ќе биде исплатен  долгот кон ЕВН.

ohridnews