Поради неплатен долг од речиси 3 милиони денари МЈП Проаква го исклучи од водоводната мрежа Студентскиот дом во Охрид кој преку лето работи како хотел.
Во Студенстиот дом во моментов летуваат стотина гости меѓу кои има и странци, но од Проаква велат дека без оглед што е туристичка сезона хотелот нема да добие вода се додека не го подмири долгот.
Дознаваме дека гостите не го почувствувале проблемот затоа што веднаш по акцијата за исклучување од Студентскиот дом сами се приклучиле на водоводната мрежа.
Од Студентскиот дом негодуваат што исклучувањето се врши во екот на туристичката сезона. Оттаму велат дека долговите се стари неколку години и дека Проаква сега врши притисок тие да се платат. Студентскиот дом нема пари за сервисирање на долгот за потрошена вода вели раководството на домот кое бара државата да се вклучи во решавање на проблемот.
Г. Момироски