Мерко и Трпчески лути на ЕВН
Заостанатиот долг на општина Струга кон ЕВН изнесуваат 500.000 евра, кој спорд договорот треба да биде подмирен со отстапување на ЕВН на трафостаници и друга синфраструктура во сопственост на општините Охрид и Струга, додека дел од долговите за колекторот согласно донесената одлука на владата треба да ги преземат хидроцентралите Глобочица и Шпилје, објаснува Трпчески.
Покрај вода без вода – Струга
По предупредувачкото исклучување денеска на пладне водоснабдителната станица во Шум повторно беше вклучена во електросистемот, а на барање на локалната самоуправа основниот во Струга донесе времена мерка со која и се наложува на ЕВН да обезбеди непрекинато снабдување со струја на пумпите кои ја снабдуваат Струга со вода како и да се воздржи од натамошно исклучување. Градоначалникот Рамиз Мерко вели дека општината нема да застане тука и ќе бараа отштета и одговорност за настанатата ситуација. „Ќе поднесеме кривични пријави против одговорните во ЕВН и Електро Струга“, рече Мерко.
Проаква на искушенија
Портпаролот на ЕВН, Златко Попоски, во изјава за Ohridnews рече дека Проаква била исклучена од електросистемот во знак на предупредување поради тоа што не бил испочитуван двонеделниот рок за подмирување на заостанатуите долгови кој го побарало самото јавно претпријатие. Оттаму информираат дека доколку до крајот на месецот Проаква не го подмири долгот, јавното претпријатие повторно ќе биде исклучено од електросистемот.