ЕВН најави дека денеска ќе го исклучи од електро системот МЈП „Проаква“ половина час  во знак на предупредување за неплатениот долг од еден милион евра.

Од „Проаква“ која со вода ги снабдува Охрид и Струга и стопанисува со колекторот на Охридското Езеро, велат дека нема да бидат исклучени бидејќи постои финсиска конструкција за враќање на долгот која и била презентирана на ЕВН. Јавното претпријатие најави дека главницата од долгот од околу 42 милиони денари ќе биде исплатена со компензација, односно со отстапување на 15 трафостаници во сопственост на општините Охрид и  Струга на ЕВН. Проблем според одговорните во „Проаква“ претстатвува остатокот од долгот од околу 19 милиони денари колку што подрачните единици на минисерствата му должат на јавното претпријатие за неплатена вода. Тие добија рок до денеска да го подмират долгот, во спротивно „Проаква“ најави дека  ќе ги исклучи од водоснабдителниот систем.


ќе запрат ли пумпите на „Проаква“?

ЕВН преку својот портпарол, Ленче Карпузовска, најави дека компанијата нема намера да толерира неплаќачи без оглед на специфичноста на дејноста која тие ја извршуваат и дека кон „Проаква“ ќе се постапува како и со сите други должници. ЕВН искажа и сомневање дека „Проаква“ може да го подмири долгот со компензација, бидејќи како што тврдат оттаму, општините не располагаат со трафостаници кои се во нивна сопственост.

Г. Момироски