Односите со јавност кај нас  се сметаат за млада дисциплина. Во Европа традицијата е многу подолга. Во Холандија како што вели Фред Волмер од  одеделот за односи со јавност во министерството за финансии, односите со јавност се развиваат 60 години.

“Во модерното општество се случуваат многу системски промени како што се замената на еврото, реформи во пензискиот систем, милениумските промени. Холандската влада вложи многу средства за да им ги објасни промените на граѓаните. При такви големи промени,  граѓаните, бизнисмените, невладиниот сектор и другите структури мора да ги  добијат сите релевантни податоци не само заради нивна информираност туку за да може нештата да профункционираат“, вели Фред Волмер.


Волмер и портпаролот на владата Боцевски

Потребни беа многу декади и пари за да го развиеме системот на комуникација со јавноста во Холандија. Сега имаме 6 децениско  искуство и сме подготвени да го споделиме со Македонија, рече Волмер.

Волмер е еден од учесниците на 5-от ПРО ПР Конгрес што се одржува во Охрид. На Конгресот  кој учествуваат над 150 комуникатори од 11 земји. Ќе бидат одржани 4 стручни работилници и 14  предавања . Меѓу предавачите е и допоисникот на А1 телевизија од Охрид Нина Кепеска.

Г. Момироски