Со изложба на ликовни дела од македонски ликовни уметници што ќе се одржи денеска во 12.45 часот во Изложбениот салон при Центарот за култура, ќе започне културната манифестација „Прличеви беседи 2018“.
Веднаш потоа, во 13 часот, ќе започне главната свеченост посветена на лауреатот на наградата „Григор Прличев“ доц. Д-р Гордана Стојаноска чија поема „Клучевите“ беше избрана за најдобра на литературниот конкурс кој беше распишан во 2017 година.
OhridNews