На свеченост што ќе се одржи денеска во Центарот за кулура „Григор Прличев“, на лауреатот Зоран Пејкоски ќе му биде врачена наградата за најдобра поема во 2016 година „Библија“. Стихови од поемата ќе читаат актерите Јасмина Билаловиќ и Павел Маслов, а свеченоста ќе биде збогатена со настап на хорот при  Центарот  за култура. Свое обраќање ќе има лауреатот Зоран Пејкоски, а во рамки на свеченоста ќе се одржи и драмска презентација на историската поема „Дениција“ на великанот на македонската книжевност – Петре М. Андреевски.

Прличевите беседи продолжуваат во понеделник со полагање свежо цвеќе пред споменикот на Григор Прличев, во 11 часот ќе се одржи книжевен портрет на Јовица Тасевски – Етернијан, а во 12 часот панихида и полагање свежо цвеќе на гробот на Григор Прличев. Активностите продолжуваат со промоција на адаптирано издание на Прличевата автобиографија од Славе Ѓорго Димоски, а во 13.30 часот ќе има полагање лаворов венец и свежо цвеќе пред бистата на поетот. Беседа за  Прличев ќе одржи лауреатот Зоран Пејкоски. Во 14 часот е е традиционалната Охридска визита што ќе се одржи во просториите на охридската библиотека.

Во 18.30  часот во Центарот за култура ќе биде потпишан меморандум за соработка помеѓу ОУ „Григор Прличев“ и  „Гете институт“, по што ќе следат ликовната изложба и врачување награди на најдобрите творби на учениците од  ОУ „Григор Прличев“, а во 19 часот ќе започне свечената приредба по повод патрониот празник на ОУ „Григор Прличев“.

OhridNews

вел Маслов