Организаторот на манифестацијата „Прличеви беседи“ ја промовираше програмата за одбележување на 115-годишнината од смртта на големиот македонски поет и преродбеник Григор Прличев.

Прличевите беседи 2008-ма ќе започнат на 5 февруари со изложба на ликовни дела од Колекцијата при НУ Центар за култура „Григор Прличев“. Место: Изложбен салон, НУ Центар за култура „Григор Прличев“-18:30Ч.

Свечената вечер посветена на 115-годишнината од смртта на Григор Прличев ќе се одржи истиот ден во 19 ч во НУ Центар за култура „Григор Прличев“. Предавање ќе одржи  д-р Стефан Влахов Мицов кој ќе говори на тема  „Прличев во контекст на историјата и филозофијата на Балканските народи“. Беседа за Прличев ќе одржи Славе Ѓорѓо Димовски, по што на Ефтим Клетников ќе му биде врачена  наградата за најдобра поема за 2007-ма година „Гога на пат за Алба“.

Свеченостите продолжуваат следниот ден, а ќе завршат со позната Охридска визита во градската библиотека.

ohridnews