Коонкурсот за најдобра необјавена поема на македонски јазик што по повод Прчичевите беседи традиционално го распишува редакцијата “Детска радост“ е отворен од денеска.
Според критериумите поемата не смее да биде помала од 912 стиха, а темата е слободна. Авторот на најдобрата поема ќе добие 1500 евра и повелба Григор Прличев. Конкурсот е отворен до 30 јуни, а добитникот на наградата тричленото жири ќе го прогласи во септември.
Наградата ќе биде доделена на “Прличевите беседи“ што ќе се одржат во февруари 2008 во центарот за култура во Охрид.