Прличевци успешно ја реализираа хуманитарната акција „ОД НАС – ЗА НАС“ по повод Светскиот ден за борба против гладта.
Кога хуманоста ќе се покаже на дело, тогаш се гледа големината на човечкото срце. Продадовме рака покажувајќи солидарност и човечност, бидејќи хуманоста се учи од срце. Ова нека биде само почеток на нашите добри дела. Нашето малку за некого е многу, велат од училиштето.
Собраните донации, потенцираат, во соработката со Црвен крст Охрид ќе отидат на вистинската адреса, таму каде што се најпотребни.
OhridNews