Со својата креативност и инспирација потекнува од град со духовен начин на живот Охрид – каде во својата четиринаесет годишна кариера има настапувано како тапанар во групата Дамар, од 1994 година се до оформување на групата Вентолин каде го достигнува својот креативен начин на живот со кого го издаваат својот прв ЦД под наслов “Вентолин“.


Како селектор на музика се занимава од 2001 година под името Prle on Way. Работи во најдобрите aндергроунд кругови. Од 2005 се занимава со пуштање на Хаус музика по ноќните клубови низ Македонија. Стилот го усовршува во 2005 година од кога го изведува својот live perfromance.


На стартот на 2009 год. го снима и својот промотивен ремикс под наслов “Rock it“ каде својот вокал и тапани ги вметнува во една од најдобрите хоус електро ремикс траки издадени кај нас.