Признавањето на Косово нема да ги подобри односите на Македонија со Србија и тоа е реалност. Но, туризмот не познава граници, туку наприотив ги урива бариерите, и мислам дека идното лето нема да се почувствува пад што се однесува до посетата на гостите од Србија во Македонија, а во прилог на тоа одат и податоците дека преку 80% од вкупните капацитети на Охрид за Нова година се продадени на српскиот пазар, вели Ѓорѓе Михајловиќ, главен и одговорен уредник на списанието за туризам „Призма“ од Нови Сад, кое е коорганизатор на саемот.
Најава за откажување на аранжманите од српските туроператори немаат ниту во Асоцијацијата на туристички агенции на Македонија-АТАМ. Бараните резервации од страна на српските агенции останаа непроменети и се надеваме дека се ќе биде во ред, ни изјави Миле Спироски од АТАМ.
Македонија, односно Охрид како дестинација е баран, додаде Спироски.