Наградата „Златна чаша на гостопримството“ за град со најљубезен однос кон гостите во Југоисточна европа во 2009 година, што неодамна ја доби градот Охрид, е потврда на квалитетите на најголемиот туристички центар во Македонија, велат од локалната самоуправа.

Таму денеска се одржа прес конференција на која беше презентирана наградата што на 28 април во Белград, во име на градот Охрид ја прими познатиот угостител Климе Четкар.

Наградата која ја доделува Меѓународно жири на асоцијацијата „Сацен интернешнал“, на Општина Охрид и беше врачена на манифестацијата Туристички оскар „Златно туристичко срце на Југоисточна Европа“што се одржа во Белград.

OhridNews