Плакетата на свеченоста што по повод Меѓународниот ден на лицата со попреченост се одржа вчера во Скопје, во име на градоначалникот на Охрид ја прими претставникот на општината, Игор Бежоски. Заблагодарувајќи се на признанието, тој истакна дека Oпштина Охрид и натаму ќе им помага на граѓаните со посебни потреби тие да не се чувствуваат дека се на маргините на општеството.
Во рамки на активностите за помош на лицата со посебни потреби локалната самоуправа реализираше повеќе проекти, а обезбеди и простории за организациите за поддршка на оваа категорија граѓани кои се наоѓаат во ОУ „Братство и Единство“.
Во Македонија се проценува дека има околу 20 илјади лица со физичка или психичка попреченост, а дел од нив се предмет на насилство во семејството или надвор од него. Во рамки на одбележување на Меѓународниот ден на лицата сопопреченост – 3ти декември, невладината организација „Порака“ промовираше кампања за превенција на насилство врз лица со пречки во интелектуалниот развој. Целта на кампањата, во која е вклучено и Министерството за труд и социјална политика, е подигање на јавната свест и подобрување на општествениот статус на овие лица.