Младите физичари – иноватори од ОУ „Григор Прличев“ на неодамна одржаниот натпревар „Еколошка машина која врши пренос на механичка енергија“, што се одржа во Струга освоија вредни признанија. Тие под менторство на наставникот по физика, Славица Јолакоска, од материјали што се се рециклираат изработија еколошка машина, за која на натпреварот организиран во рамки на проектот за основно образование ПЕП-УСАИД, освоија награда дигитален микроскоп и други признанија, информираше општинската прес служба.


Признание за младите физичари од ОУ „Григор Прличев“

Ohridnews
фото: ohrid.gov