Повелбата му беше врачена на директорот на „Охридскот лето“, Тони Симоноски, кој изрази задоволство што најголемата културна манифестација во Македонија добива уште едно големо признание на меѓународната сцена.
– Во рамки на сараевскиот фестивал го промовиравме „Охридско лето“ со посебен акцент на 50-годишниот јубилеј, што наиде на голем интерес кај присутните и медиумите во Босна и Херцеговина, истакна Симоноски.
Охридско лето се претстави и на форумот што се одржа во рамки на манифестацијата „Сараевска зима“ која традиционално се одржува во чест на Зимските олимписки игри чиј домаќин беше Сараево во 1984 година.
На манифестацијата присуствувале бројни високи гости меѓу кои и европратеникот Дорис Пак, претседател на Европската комисија за образование и култура која ја прифатила поканата на директорот Симоноски да присуствува на фестивалот „Охридско лето, а биле остварени средби и со челните луѓе на Европската федерација на фестивали кои исто така го најавиле своето присуство на јубилејното издание на најголемата културна манифестација во Макдонија.