Охрид не ја доби организацијата на манифестацијата Град на културата, но затоа  го доби високото признание од швајцарскиот град Лугано “Кралство на светлината и водата, место за одмор со големи склоности кон туризмот“

По одлуката на министерствот за култура, Прилеп, а не Охрид ќе биде град на културата во 200 во локаланата самоуправа не го кријат незадоволството.

Охрид имаше далеку поквалитетна и поиздржана програма од сите конкуремти. Одлуката на министерствот е нептранспарентна, а општината сеуште не е информирана по кои критериуми истата е донесена, вели Митре Вељаноски од локалната самоуправа.

Според Вељаноски главната причина поради која Охрид не ја доби организацијата на манифестацијата Град на културата е селективноста на власта, т.е. градоначалникот на Охрид е од опозициона партија, а на Прилеп не е.

Од локалната велат дека пак затоа побројни се тие кои ја ценат улогата на Охрид и неговото место на туристичката и културна мапа. Охрид како што информираа од локалната самоуправа оваа година е добитник на значајната награда од областа на туризмот што ја доделува Швајцарија.

Оваа награда се доделува втора година и се однесува на недоволно истражени туристички региони  во светот со големи капацитети за развој на туризмот. Наградата на општина Охрид ќе и` биде врачена во  ноември оваа година.