Репрезентативците на Македонија, Стојанче Стоилов и Никола Митревски се дел од идеалниот тим за втората рунда во фазата по групи во Лигата на Шампиони.

Стоилов местото помеѓу најдобрите го обезбеди со осумте погодоци во триумфот на Вардар против Фленсбург, додека Митревски ги полуде ракометарите на Пик Сегед и заслужено се најде помеѓу стативите во идеалниот тим.

Признанието од ЕХФ за Стоилов и Митревски е одлична најава за нивната меѓусебна пресметка следниот викенд. Вардар на домашен терен ќе го пречека Порто во рамките од третата рунда во ЛШ.

Идеален тим:

Голман: Никола Митревски (Порто)

Лево крило: Магнус Јондал (Фленсбург)

Лев бек: Микел Хансен (ПСЖ)

Среден бек: Карл Жозеф Пујол (Елверум)

Десен бек: Дика Мем (Барселона)

Десно крило: Сигвалди Бјорн Гудјонсен (Киелце)

Пивот: Стојанче Стоилов (Вардар)

OhridNews

ЛШ: „Шрауба“ на Стоилов, брилијатна „карате“ одбрана на Митревски (видео)