На свеченост што ќе се одржи на 15 март, општинската организација на Црвениот крст Охрид, ќе додели признанија на заслужни крводарители, поединци, фирми и институции кои помогнале во развојот и унапредување на крводарителството.

-Хуманоста што ја покажаа нашите крводарители преку доброволно дарување крв придонесе да бидат спасени многу човечки животи. – велат од Црвениот крст.

На свеченоста ќе биде одбележан 17 март, Денот на крводарителството во Р.Македонија.

OhridNews