Еден лекар од Виена допатувал во Јапонија за да го пронајде синот на еден починат Австриец. Сега починатиот, никогаш во животот не успеал да го запознае својот син. Но лекарот, кој работи во канцеларијата за историски истражувања добил задача да го пронајде човекот на кого таткото му оставил околу 100 илјади евра. Меѓутоа, наместо синот пронашол жена која зборувала на лош Виенски дијалект.
Се што знаеле за човекот кој го оставил наследството било дека починал на Флорида, се родил во Виена, но се преселил во САД каде станал татко кога имал само 20 години. Жената која ја пронашле на почетокот одрекувала дека има некаква врста со човекот. Кога дознала дека се работи за наследство признала дека кога се преселила во Јапонија го променила полот.