Кавга на пијан младоженец со младенката на лет од Атланта за Костарика била причина за приземјување на авионот на Делта Аир Лајнс во неделата ноќта на Кајманските острови, објавиле локалните власти. Така медениот месец за американецот започнал во локалниот затвор на Големиот кајмански остров.
Заповедникот во полицијата Рејмонд Кристиан потврдил дека младоженецот останал во затвор а младенката отпатувала за Костарика. Идентитетот на парот не бил откриен. Портпаролката на авиокоманијата рекла дека авионот слетал без проблеми и дека еден од патниците бил преземен од локалните власти.