Подготовките привршуваат за 31-то издание на Охридскиот пливачки маратон кој ќе се одржи на 19 август на патеката „Климе Савин“ од Св. Наум од Охрид.
Овогодинешното издание на маратонот, побуди голем интерес кај натпреварувачите кој доаѓаат од повеќе држави низ светот. Вкупно 22 натпреварувачи во сабота ќе ги одмерат своите сили и тоа 15 натпреварувачи во машка и 7 во женска категорија.
Како организаторот годинава се јавува Општина Охрид во соработката со Пливачката федерација на Македонија и Агенцијата за спорт и млади.
Минатата година победници на јубилејниот 30-ти маратон беа Томи Стефаноски во машка и Олга Козидук во женска конкуренција.
OhridNews