Привршуваат активностите за реновирање на детскиот парк во близина на каналот Студенчишта. Како што најавуваат од локалната самоуправа, постоечкиот парк се проширува и ќе се протега на 397 метри квадратни.
Старите детски реквизити се заменети со нови, а се врши и хортикултурно уредување на просторот. Изминатите денови се изврши бетонирање на делови од просторот кои потоа се обложуваат со гумена подлога за поголема безбедност на децата, има поставено песок, а ќе се постават и клупи за родителите.
За реализација на овие активности обезбедени се 827.000 денари. Дел од средствата се добиени преку проектот од секторот за ТЛЕР во соработка со германската амбасада во износ од 485.000 денари, а 345.000 денари се издвоени од општинскиот буџет.
Најавите се дека детскиот парк ќе биде пуштен во употреба наредната недела.
OhridNews