Привршуваат активностите поврзани со фудбалското игралиште во поранешна Касарна. Ова многу значајно спортско игралиште, посебно за жителите на тој делот од градот, кое децении беше запоставено и напуштено ќе добие нов лик и за брзо сите фудбалски клубови и школи ќе можат да го користат, велат од ЈП „Билјанини Извори“.

Со предвидените активности претпријатието со поддршка на Општина Охрид реализираше неколку припремни и земјени работи како и инсталација на современ систем на наводнување. Меѓу нив расчистување на теренот, механичка обработка на теренот со рото фреза, ласерско порамнување на теренот, машинско засејување на теренот и ѓубрење за прираст, околчување на патека и ископ на канали, инсталација на систем за наводнување и инсталирање на зонски паметен контролер за наводнување со Wi-Fi, посочуваат.

Воедно, од ЈП „Билјанини Извори” им се заблагодарува на сите за разбирањето и поддршката при реализацијата на сите активности и апелираат граѓаните кои се движат во близина на фудбалското игралиште да внимаваат бидејќи сеуште не се завршени сите предвидени активности.

OhridNews