Уште два дена преостануваат за пријавувањето за учество на седмиот по ред меморијален турнир во мал фудбал во Лескоец во чест на Љупчо Цветаноски (Шенгелија) и Јордан Башукоски (Пиперот).

Пријавувањето на екипите ќе трае до 26 мај (20 часот) за кога и е закажана ждребката за групите. Ден потоа односно на 27 мај и официјално ќе започне седмиот турнир со меморијален карактер.

Секоја екипа при пријавувањето на бројот 070 350 910 (Дејан) и 070 430 450 (Зоки) ќе треба да уплати 3 000 денари. Организаторите најавуваат богати награди кои ќе бидат соопштени на денот од ждребката за групите.

OhridNews