Уште два дена преостануваат за пријавувањето за учество на шестиот по ред меморијален турнир во мал фудбал во Лескоец во чест на Љупчо Цветаноски (Шенгелија) и Јордан Башукоски (Пиперот).
Пријавувањето на екипите ќе трае до 22 мај за кога и е закажана ждребката за групите. Ден потоа односно на 23 мај и официјално ќе започне шестиот турнир со меморијален карактер.
Секоја екипа при пријавувањето на бројот 070 350 910 (Дејан) ќе треба да уплати 3 000 денари.
Организаторите најавуваат богати награди кои ќе бидат соопштени на денот од ждребката за групите.
OhridNews