Пријавувањето за популарната едукативна програма за деца во Црвен крст Охрид, Childrens Story Hour – Час за приказни на англиски јазик за деца, е при крај.
Програмата е наменета за деца на возраст од 4 – 7 години каде на забавен и интерактивен начин, преку читање приказни, пеење песнички, изработка на креативни вежби и пред се, користење на англиска литература за деца од Англиската библиотека на Црвениот крст Охрид, децата го надградуваат и зајакнуваат знаењето на англискиот јазик и ја развиваат емоционалната сигурност како и хуманоста и солидарноста од најмала возраст.
Часовите се одржуваат еднаш неделно во просториите на Црвен крст Охрид. Пријавувањето е во тек, најдоцна до 23.09.2015 на телефон 046 262 706 или на е-маил адресата [email protected]
OhridNews