Привршува поставувањето и упремувањето на мобилната болница во Скопје, во кругот на Клиниката за инфективни болести, наменета за пациенти заболени со коронавирус.

Мобилната болница е поставена на локацијата на која претходно беа стари бараки студентскиот дом медицинар. Капацитетот на болницата е 130 легла.

Целосната инсталација и ставањето во функција на мобилната болница ќе биде во текот на следната недела, информира министерот за здравство, Венко Филипче.

OhridNews