Четириесеттиот Меѓународен семинар за македонски јазик, литература и култура годинава ќе се одржи од 13 до 30 август во Конгресниот центар на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во Охрид, што свечено ќе биде отворен во понеделник.
Таму во тек се последните зафати и дотерувања, а се очекува сите активности да завршат до утре.
се дотерува Конгресниот центар во Охрид
Инаку, на семинарот оваа година ќе учествуваат околу 100 слушатели од 25 земји, како и странски слависти, македонисти, балканисти, универзитески професори, научни работници и преведувачи. Во рамките на семинарот на 27 и 28 август ќе се одржи и Научната конференција на којашто ќе бидат изложени најновите истражувања од областа на јазикот и литературата.
Конгресниот центар во Охрид
За 40-годишниот јубилеј издавачката дејност на семинарот е збогатена со монографија за дејноста на семинарот и на лекторатите во странство, со нов учебник по македонски јазик за странци, две учебни помагала – едно за јазик и едно за литература, како и библиографија на предавањата на семинарот во последните 20 години.
јубилејот збогатен со повеќе нови изданија
Покровител на Меѓународен семинар за македонски јазик, литература и култура годинава е претседателот на државата Бранко Црвенковски.
ohridnews