СВР Охрид информира дека на 12 февруари околу 20:30 часот, полициски службеници привеле 53-годишен охриѓанец.
Тој бил затекнат при извршување кражба во продажен објект на бул.„Туристичка“ во Охрид, при што одзел повеќе производи. Одземеното било пронајдено и било вратено на сопственикот, соопшти СВР Охрид.
По целосно документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава, се вели во соопштението.
OhridNews