На 09.07.2024 во 21.45 часот на Граничниот премин Ќафасан, полициски службеници го лишиле од слобода М.П.(62) од Република Србија.

При извршена проверка во службената евиденција било констатирано дека се бара од страна на Интерпол Германија. Тој бил предаден на полициски службеници од ОВР Струга за понатамошна постапка, информираат од МВР.

OhridNews