На 16.01.2025 во 13.30 часот во Охрид, полициски службеници од одделението за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Охрид, лишија од слобода 31 годишно лице од Ирска, со привремен престој во Охрид, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана.
Подоцна, со судска наредба, извршен е претрес во домот во Охрид во кој престојува, при што биле пронајдени и одземени марихуана, бела прашкаста материја, дробилка и повеќе други предмети со остатоци од марихуана и бела прашкаста материја, информираат од СВР Охрид.
Лицето, велат, е задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
OhridNews