Денеска во 02.45 часот во угостителски објект во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид привеле 20 годишно лице од Република Црна Гора.

Кај него била пронајдена и одземена бела прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок, информираат од МВР.

OhridNews